Сара Крамбергер, м-р. хем.
Почетна >Имуноблог >Интересно > Дали ја познавате печурката буковка?

Дали ја познавате печурката буковка?

Буковката е многу призната печурка во кујната, која за време на првата светска војна овозможувала преживување и била основа во готвењето. Меѓутоа, моментално помага на илјадници луѓе во јакнењето на имунолошкиот систем. Звучи чудно, зар не? Буковката, односно Pleurotus ostreatus: здрава намирница која е составена дури од 85% вода. Богата е со влакна, бета-глукани и разни лековити активни супстанци.

 

 

Основни карактеристики на буковката

Буковката се смета за најчесто одгледувана печурка во светот. Печурката има облик кој наликува на школка острига. Името на печурката е условено со нејзиниот раст бидејќи најчесто успева на стеблата и трупците на листопадните дрвја. Дали некогаш сте приметиле како школка сиво кафени печурки кои личат на шешир и мирисаат на анис? Доколку одговорот е потврден, сте приметиле дека долната страна е бела и полна со ситни процепи.

Печурките може да ги береме во шума, а можеме да се одлучиме и да купиме печурки кои се одгледуваат. Мораме да бидеме внимателни и да употребуваме исклучиво млади и свежи печурки. Доколку сакаме да ги користиме и во летните месеци, можеме без проблем да ги замрзнуваме. Со нив можете да збогатите многу оброци и да ги импресионирате своите најмили. И не само тоа: бидејќи се многу хранливи, ќе се снабдите со вистински комплекс на витамини и минерали.

Собравме неколку извонредни рецепти со буковки, кои можете да ги замените со вргањ или шампињони.

Imunoglukan® – високопрочистен природен екстракт од печурката буковка

Првата примена на буковката во лековити цели е забележана во петтиот век во источната медицина. Од тогаш привлекува внимание баш поради своите фармаколошки активни соединенија. Во подоцнежните сознанија е утврдено влијание во зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Меѓутоа, во последно време најмногу внимание се посветува на имунолошкиот систем. Бета-глуканот од печурката буковка делува како имуномодулатор, што значи дека непрестајно ја регулира и одржува здрава имунолошка рамнотежа.

Дали ве интересира текот на производството? Погледнете го видеото во продолжение.

Со истражувањето и познавањето на производството на буковката се овозможила изолација на високопрочистен производ кој може да се вгради во различни фармацевтски облици. Патентиран екстракт од буковката, познат како Imunoglukan®, достапен е и на македонскиот пазар во палета на производите Defendyl P4H® која е наменета за здравјето на целото семејство.

Производите на Defendyl P4H® се додаток на исхрана со Imunoglukan, витамин Ц и цинк. Клиничките испитувања покажале дека овие производи имаат важен ефект во зајакнување на имунолошкиот систем.

Природата не освојува со својата убавина, а со малку поголема љубопитност можеме да откриеме многу повеќе за неа. Среќа, човекот уште од својот настанок истражува и открива работи кои ни ги дала мајката природа.

Една од нив е дефинитивно буковката, не само затоа што овозможила преживување, туку и затоа што со своето благотворно делување може да ги ублажи тегобите на 21 от век. Да се препуштиме на хармонијата на вкусот кој печурките ни го доловуваат на чинијата!

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.