Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Стручно> 8 едноставни совети за здраво секојдневие

8 едноставни совети за здраво секојдневие

Здравјето е наше најголемо богатство и поради тоа е потребно секој ден да се грижиме за него. Со неколку едноставни постапки секој од нас може да се погрижи за здрав и долг живот. Во оваа статија прочитајте 8 едноставни совети за исхрана, физичка активност, соочување со стресот и додатоци во исхрана кои можете едноставно и ефикасно да ги внесете во Вашиот живот. 

 

 

Здрава и урамнотежена исхрана

Сите веќе знаеме дека здравата и регулирана исхрана е клуч на здравиот живот. Меѓутоа, внесот на храна богата со витамини може да биде тежок. Подготвивме совети кои консумирањето на здрава храна ќе ги претвори во навика и вештина.

  • Здравата храна секогаш чувајте ја на видливо место или на дофат. Експертите докажале дека на овој начин се зголемува можноста дека ќе ја консумирате храната или барем ќе го зголемете внесот на здрава храна.
  • За здрав оброк, Вашата чинија потребно е да се состои од половина овошје и зеленчук, четвртина од интегрални житарки и четвртина здрави протеини. Тоа ќе Ви обезбеди правилен внес на клучни хранливи материи.

Тело во движење

Нашето тело е создадено за движење и во тоа ужива најмногу. Физичката активност е исклучително важна за здрави коски и мускули, за нашето ментално здравје и општо расположение. Меѓутоа, поради нашиот начин на живот во поголемиот дел од денот ни останува многу малку време за вежбање и бара од нас да поминуваме повеќе часови во седечка положба. Со воведување на мали промени можеме да направиме многу. Повелете два предлога:

  • Движете се секој ден и дишете свеж воздух. Дури и само 7500 чекори дневно, долгорочно можат да имаат позитивни ефекти на Вашето здравје.
  • Пред да заспиете, направете неколку вежби за истегнување. Овие вежби ќе Ви помогнат да се опуштите и заспиете, а истовремено ќе спречат повреди и ќе ја подобрат телесната состојба на телото.

Дали и Вие имате совети за здраво секојдневие на кои се придржувате и сакате да ги споделите со останатите? Споделете фотографија со Ваш совет на нашата интернет станица и натпреварувајте се за извонредни награди во нашата наградна игра со споделенафотографија.

Учествувај!

Мирни и наспани

Стресот претставува дел од животот и затоа е важно да научиме да живееме со него и да се потрудиме да го избегнеме. Најлесно е тоа да го направиме со активности во кои уживаме и кои ни носат најмногу радост. При тоа е важно да сме полни со енергија и наспани, бидејќи нема да можеме да се носиме со стресот и неговите последици. Следете ги нашите едноставни совети за Вашиот ден да биде полн со позитивна енергија.

  • Секој ден легнувајте во исто време и овозможете му на Вашето тело барем 7 часа одмор. Редовниот распоред на спиење го подобрува Вашиот сон и когнитивното размислување, а воедно ќе се чувствувате многу подобро.
  • Повикајте ги Вашите пријатели, бидејќи социјалниот живот може да го подобри Вашето расположение и да го намали чувството на стрес. Не заборавајте на убавите зборови и прегратки кои можат дополнително да го подобрат Вашето ментално здравје.

Преземете превентивни мерки

Силниот имунолошки систем е клучен за одбрана на нашиот организам. Имунитетот го зголемуваме со здрав начин на живот, а при тоа на себе можеме да си помогнеме со проверени додатоци во исхрана кои го осигуруваат внесот на доволни количини есенцијални хранливи материи во организмот.

  • Превентивата е секогаш подобра од куратива. Иако додатоците во исхрана никогаш не треба да бидат замена за здрава и регулирана исхрана, можат да ја намалат можноста за развој на болести и да го зајакнат имунолошкиот систем. Пред да одлучите кои додатоци во исхрана ќе ги земете, разговарајте со својот доктор или фармацевт.
  • Почнете секојдневно да земате Defendyl P4H, за кој е клинички докажано дека успешно го зајакнува имунитетот и на тој начин не штити од инфекции.

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.