Редакција Defendyl<sup>®</sup>
Почетна>Имуноблог>Интересно> 4 корисни совети: зошто да останеме дома кога имаме настинка или сме болни?

4 корисни совети: зошто да останеме дома кога имаме настинка или сме болни?

Гадење, кашлица, покачена телесна температура. А пред вас е нов ден, исполнет со обврски и неодложливи задачи. Сето ова познато? Што да се прави? Да се остане дома или работниот ден да се изработи со производи за зајакнување на имунитетот? Единствената правилна одлука е да останете дома и да се одморите!

 

 

 1. Одговорно однесување кон колегите

Знаци на настинка се кивање и кашлање. Неодамнешни истражувања покажуваат дека микробите (бактерии, вируси) се шират побрзо отколку што мислите. И тоа најчесто преку издишаните капки. Врз основа на експериментите, истражувачите откриле дека преку кивање и кашлање капките во воздухот може да се исфрлат со брзина од најмалку 150 км на час. Преку кивање се дисперзираат повеќе од 100,000 капки кои содржат микроби кои пак можат да пренесат разни вируси (на пр. вирус на грип, аденовируси, респираторен синицијален вирус - РСВ).

Одењето на работа само го зголемува ризикот од ширење на болеста. Размислете дали има смисла да се заразат и соработниците.

2. Спречете го ширењето на вирусот на поранливи групи

Вашите колеги не се единствените луѓе со кои секојдневно се среќавате. Дали некогаш сте размислувале за повозрасните лица и децата или за лицата со хронични заболувања? Вирусите не бираат, туку само чекаат да го пронајдат вистинскиот домаќин за да можат да се репродуцираат. Со секој, дури и краток контакт, додаваме камче на мозаикот на нашите средби, односно го овозможуваме патувањето на вирусот. Мора да бидеме свесни за фактот дека помладите луѓе имаат полесен тек на болеста, а постарите луѓе имаат поголем ризик од посериозни компликации. Дали сте свесни за одговорностите на инфицирана личност?

3. Закрепнување

Одмор и само одмор. Одморањето дома обезбедува најдобри шанси за закрепнување. Одморот го забрзува процесот на закрепнување и притоа не ризикуваме изложеност на уште поголеми компликации, што може дополнително да ја продолжи болеста. Антипиретиците, топлите пијалоци, урамнотежената исхрана и одморот му помагаат на телото побрзо да се опорави. Меѓутоа, ако му обезбедиме на организмот дополнителни „хранливи материи“ преку избрани производи за зајакнување на имунитетот (на пр. капсулите Immunoglucan P4H® ACUTE), закрепнувањето е загарантирано. Капсулите Imunoglukan P4H® ACUTE се додаток во исхраната што содржи природен биоактивен Imunoglukan®, витамин Ц и цинк, кои го поддржуваат функционирањето на имунолошкиот систем.

Капсулите со имуноглукан P4H® ACUTE се наменети за краткотрајна употреба во време на зголемени потреби на телото. Земете 1 капсула на ден во текот на 5 последователни дена, по можност наутро или навечер на празен стомак.

Општо правило е дека треба да останеме дома барем уште 24 часа откако се намалила температурата.

Општо правило е дека треба да останеме дома барем уште 24 часа откако се намалила температурата. Таблетите против болки ги потиснуваат симптомите, но не помагаат во закрепнувањето. Тоа е уште една потврда дека ни треба одмор и бегство од секојдневните активности. Предвременото враќање на работа може да има и негативни здравствени последици, а меѓу нив е зголемената осетливост на респираторни инфекции.

4. Работна продуктивност

Мислите ли дека и покрај вашата состојба сепак сте многу продуктивни на работното место? За жал, морам да ве разочарам, истражувањата покажуваат дека болното лице постигнува само 60% од просечната продуктивност на работа. Болеста и заморот го прават своето, па можноста за грешки драстично се зголемува. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека болен човек губи многу време на работа, пред се поради лошата концентрација и замор. Ова само потврдува дека и за работодавачот е поволно работникот да ја користи можноста за боледување во тоа време.

Свеста за последиците што можат да произлезат од неодговорно однесување е клучна. Работата може да почека или може да ја направи друга личност, а животот е само еден. Со помалку грешки, ќе го поминеме подобро и поцелосно. Затоа да останеме дома кога имаме настинка, да се заштитиме себеси и луѓето околу нас!

Изберете вистинкси производ за Вас

Defendyl-Imunoglukan P4H® не смеат да ги земаат болни со пресадени органи. Болните, кои земаат имуносупресивни лекови, може да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H®, само по совет од лекар. Препорачаните дневни количини односно дози, не смеат да се пречекорат.

Додатокот во исхраната не е замена за балансирана и разновидна исхрана.